Часовник или саат — направа за покажување време. За хоролозите и други специјалисти поимот часовник продолжува да значи исклучително направа со отчукувачки механизам за известување на временски интервали на временска акустичност, со ѕвонење на ѕвоно, сет од ѕвона или гонг.[се бара извор] Тивок инструмент на кој му недостига ваков механизам по традиција е познат како времемерач. Во општа употреба денес, „часовник“ се однесува на секоја направа која мери и прикажува време, и која, за разлика од рачниот и џебниот часовник, не се носи на рака или слично.
Часовникот како тема во уметноста и во популарната култура
Часовникот како мотив во книжевноста
„Часовник“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.
„Часовничар“ — расказ на македонскиот писател Милко Бојковски.
„Ламба во часовник“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1948 година.
„Песочен часовник“ - книга на македонскиот поет Игор Исаковски.
„Песочен часовник“ (Peščani sat) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1983 година.
„Итар Пејо, мариовците и часовникот“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.
„Распрснато време“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
„Книги на раката“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
„Везено време“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
„Сказалки в џеб“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
„Сликарот и часовникот“ - кус расказ на рускиот писател Данил Хармс.
„Часовник“ - песна на египетскиот поет Ахмед Шавки.
Часовникот како мотив во музиката
„Црвениот часовник“ (англиски: The Red Clock) — песна на австралиската рок-група The Birtday Party.
„На нишалото од градскиот часовник“ (англиски: At The Chime Of A City Clock) — песна на британскиот поп-рок пејач Ник Дрејк (Nick Drake) од 1970 година.
„Календари и часовници“ (англиски: Calendars And Clocks) — песна на британската рок-група Корал (The Coral) од 2002 година.
„Слушнај го часовникот на ѕидот“ (англиски: Listen To The Clock On The Wall) — песна на американската соул-група The O'Jays од 1972 година.
„Часовник што се врти“ (англиски: Spinnin' Clock) — песна на американската хард-кор група The New Bomb Turks од 1993 година.
„Златен часовник и синџир“ (англиски: Gold Watch And Chain) — песна на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.
↑Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 240-242.
↑Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 109-110.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 177.