Дортмунд | ||
Хоризонт на Дортмунд | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Арнсберг | |
Округ | Урбан округ | |
Градоначалник | Улрих Зирау (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 280 км2 | |
Надм. височина | 152 м | |
Население | 587.696 (31 декември 2020) | |
- Густина | 2.099 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | DO | |
Пошт. бр. | 44001-44388 | |
Повик. бр. | 0231, 02304 | |
Портал | www.dortmund.de | |
Местоположба на град Дортмунд во рамките на округот Урбан округ | ||
Координати | 51°31′0″N 7°28′0″E / 51.51667° СГШ; 7.46667° ИГД |
Дортмунд (германски: Dortmund) — град во Германија. Се наоѓа во покраината Северна Рајна-Вестфалија, во областа Рур. Неговото население од 585.045 (во декември 2006) го прави осми најголем град во Германија и 41-ви најголем град во Европската Унија. Дел е од урбаната зона со некои 5,2 милиони (2009), тоа е најголемата урбана агломерација во Германија. Исто така, дел е од поголемиот метрополитенски регион Рајна-Рур со повеќе од 12 милиони луѓе.
Реката Рур тече јужно од градот, а малата река Емшер тече низ самиот град. Каналот Дортмунд-Емс исто така, завршува во пристаништето Дортмунд, кое е најголемото европско пристаниште поврзано со канал и го поврзува Дортмунд со Северното Море.
Дортмунд е познат како вестфалската „зелена метропола“. Околу половина од градската територија се состои од водотеци, шуми, земјоделски површини и зелени површини со огромни паркови, како што се Вестфалскиот парк и ботаничката градина Ромбергпарк. Ова е во спротивност со речиси стогодишната историја на експлоатација на јаглен и челик во рамките на градските подрачја.
Мало село на местото на Дортмунд било спомнато во официјалните документи од 880 како Тротмани (Throtmanni). Откако било уништено во пожар, царот на Светото Римско Царство Фридрих I Барбароса повторно го изградил градот во 1152 и престојувал во него две години. Станал слободен царски град во 1220. Во текот на тој век, бил „главен град“ на Рајна, Вестфалија и Холандскиот круг на Ханзата.
По 1320, градот се појавува во пишаните докази како „Дропмунде“ и земјотресот во 1661 ја урнал crkvata Св. Риналд. Во тамките на пруската Вестфалска покраина, Дортмунд бил окружно седиште во рамките на административниот округ Арнсберг до 1875, по што станал урбан округ во рамките на округот. Во текот на индустријализацијата на Прусија, Дортмунд станал главен центар за јаглен и челик.
Под нацистичка Германија, синагогата била уништена во 1938. Исто така, болницата Аплербек во Дортмунд пренесувала ментални и/или физички хендикепирани пациенти за евтаназија на менталната болница Хадамар како дел од акција T4 (дополнителни 229 деца биле убиени во „детскиот специјалистички департман“, кој бил пренесен од Марбург во 1941). Цели на бомбардирањето во Дортмунд во текот на нафтената кампања во Втората светска војна биле Hoesch-Westfalenhütte AG, „Hoesch-Benzin GmBH“ синтетичка нафтена фабрика и Zeche Hansa - погон за јаглен; и бомбардирањето уништило околу 66% од домовите во Дортмунд и околу 98% од градскиот центар. Лозинката Dortmund бил пренесуван на радио за започнување на кампањата операција Барбароса во 1941 против Советскиот Сојуз.
Сојузничките сили стигнале во Дортмунд во април 1945. Американската 95-та пешадиска дивизија, го нападнала градот на 12 април 1945 против раштрканата германска одбрана. Дивизијата, со помош на блиската воздушна поддршка, напреднала низ урнатините на урбаната борба и го завршила заземањето на 13 април 1945.
По војната, зградите како што се Reinoldikirche (Рајнолдикирхе) и Marienkirche (цркви) биле повторно изградени и биле проширени со широки паркови и градини. LWL-Industriemuseum почнал во 1969, и градот, потоа, станал центар за хај-тек индустријата.
Културната историја може да се забележи по црквите во центарот на градот, чии кули го карактеризираат хоризонтот на Дортмунд. Reinoldikirche and the Marienkirche се камен-темелници на средновековната архитектура.
Центарот на градот на Дортмунд, сепак го задржал изгледот на средновековен град. Улиците во прстени го обележуваат поранешниот градски ѕид и Вестен-/Остенхелвег, делови од средновековниот трговски пат на солта, е сè уште главната (пешачка) улица во самиот центар на градот.
Дортмунд е дом на спортскиот клуб Борусија Дортмунд, кој ги има освоено УЕФА Лига на шампиони и интерконтиненталниот куп во 1997, како и УЕФА Купот на победниците против Ливерпул во 1966. Ова го прави првиот победник на Европскиот куп во Германија. Тие играат на Westfalenstadion, моментално познат како Сигнал Идуна парк. Бил изграден за Светското фудбалско првенство во 1974 и бил домаќин на некои натпревари во Светскиот куп на ФИФА во 2006, меѓу нив и победата на Италија од 2-0 над Германија во полуфиналето. Ова е најголемиот фудбалски стадион во Германија со максимален капацитет од 80.720 гледачи.
Борусија Дортмунд исто така има е женски ракометен клуб, кој игра во првата Бундеслига, додека тимот во пинг-понг и кошаркарскиот тим СВД 49 Дортмунд играат во нивните покраински втори лиги.
Дортмунд е олимписката точка за Вестфалија.
Шаховскиот турнир Шпаркасен се одржува во Дортмунд од 1982.
Аеродромот во Дортмунд е од средна големина, но се развива со големо темпо. Се наоѓа 13 километри источно од центарот на градот, во близина на градот Холцвикеде. Најблискиот интерконтинентален аеродром е Меѓународниот аеродром Диселдорф.
Централната железничка станица (Dortmund Hauptbahnhof) — третата најголема железничка станица за долги линии во Германија.
Пристаништето Дортмунд (Hafen) — најголемото канализирано пристаниште во Европа и 11-то речно пристаниште во Германија.
Дортмунд, исто така, е поврзан со главните европски и германски патишта. Ruhrschnellweg го следи стариот ханзин трговски пат и го поврзува градот со другите метрополи во областа Рур. Поврзан е со другите подалечни делови на Германија со A1 и A2, кој поминува непосредно на север и исток од градот и се сретнува со раскрсницата Каменер Кројц североисточно од Дортмунд. Заедно со A45 на запад, тие го создаваат обиколницата Дортмунд (Dortmunder Autobahnring).
За јавниот превоз, градот има голема мрежа на подземна железница и автобуси. Во април 2008, новоизградената исток-запад подземна железничка линија била отворена, завршувајќи го подземниот систем во центарот на градот и заменувајќи ги старите трамваи на површината.
H-Bahn на универзитетот за технологија во Дортмунд е висечка самоносечка изградена специјално за пренесување на патници помеѓу двата универзитетски кампуси,. Скоро идентичен самоносечки систем за пренесување на патници постои на аеродромот во Диселдорф.
Дортмунд историски важел за индустриска област. Дортмунд, сега е дом на голем број на средни претпријатија за инфомациска технологија, и повеќето поврзани со програмата Технолошки центар Дортмунд на локалниот универзитет. Градот соработува со истражувачките институти, приватните универзитети и компаниите за комерцијализација на научните иницијативи.
Во 2009, Дортмунд бил карактеризиран како Врзол град во индексот за иновации на градовите, издаден од 2thinknow.
Политиката во Дортмунд главно ја водат социјалдемократите СПД. Од Втората светска војна, СПД е најголемата партија во градскиот совет (германски: Stadtrat). Со локалните избори во 2004, во него има 9 партии и избирачки групи (88 места; 1999: 82 места):
Партија | Гласачи за партијата | Процент на гласачи | Вкупно места | Процент на места |
---|---|---|---|---|
Социјалдемократска партија (СДП) | 92.509 | 41,3% (-0,3) | 36 (+2) | 40,9% |
Демохристијански сојуз (ДХС) | 73.282 | 32,7% (-9,0) | 29 (-5) | 33,0% |
Сојуз '90/Зелени | 25.635 | 11,5% (+2,6) | 10 (+2) | 11,4% |
Слободна демократска партија (СлДП) | 8.591 | 3,8% (+2,0) | 3 (+2) | 3,4% |
Германски народен сојуз (ГНС) | 6.880 | 3,1% (+1,1) | 3 (+1) | 3,4% |
Граѓански список | 6.874 | 3,1% (+0,5) | 3 (+1) | 3,4% |
Левица - Отворена список (ПДС-ОЛ) | 6.346 | 2,8% (+2,8) | 2 (+2) | 2,3% |
Лев сојуз Дортмунд | 1.751 | 0,8% (-0,2) | 1 (=) | 1,1% |
Партија на законот и редот (Офанзива Д) | 1.669 | 0,7% (+0,7) | 1 (+1) | 1,1% |
Градски зелени | 265 | 0,1% (+0,1) | 0 (=) | 0,0% |
Вкупно | 223.802 | 100.0% | 88 (+6) | 100.0% |
Од мај 2010, градоначалник на Дортмунд е Улрих Зирау (СПД). Тој ја водел коалицијата на СПД и Зелените.
Градот има долга традиција на музика и театар. Оркестарот бил основан во 1887 и сега е нарекуван Дортмундска филхармонија. Првата оперска куќа била изградена во 1904, но била уништена во Втората светска војна и отворена повторно во 1966 како Оперска куќа Дортмунд. Управуван е од театарот во Дортмунд заедно со другите локации, меѓу нив (од 2002) и концертната сала Дортмунд. Градот е имењак на пивото Дортмунд и е дом на Пиварницата Дортмунд.
Дортмунд е збратимен со:
|publisher=
(help)
„Дортмунд“ на Ризницата ? |
|
|
|
|
|