Водвиљ — кратко комично театарско дело без голем заплет, прошарано со куплети [б 1] - шеговити монолози и призори во кои се изведуваат популарни мелодии. Поимот водвиљ се однесува и на театар во кој се изведуваат вакви претстави. Писателот на водвили се нарекува водвилски уметник.
Поимот водвиљ првенствено означувал вид на народна песна со сатирична содржина на француски јазик. Етимолошки, францускиот израз vaudeville потекнува од изразот vau-de-vire според долината Вир во Нормандија каде тој вид на песна бил многу популарен, или од изразот voix de ville (градски гласови) користен во времето на Молиер.
Водвиљот потекнува од световни напеви слични на шансони, а во 16 век често се изведувал како танц. Со текот на времето во водвиљот се додавал говорен и постепено се занемарувала музиката, односно поетскиот стил на изразување. Со тоа сè повеќе почнувал да наликува на весела претстава заснована на комични ситуации, со цел публиката да се смее и да се забавува, а на преминот од 17 и 18 век се користел и во театарот. Во пародии на опери или комедии со музички нумери, кои во 18 век прераснале во комична опера (opéra comique), на крајот од која се изведува водвилско финале во кое глумците пеејќи ги излагаат поуките на претставата.
Со текот на времето, водвиљот бил исфрлен од комичната опера, но останал во популарниот театар во Европа и САД до средината на 20 век и станал синоним за музичка сценска претстава со популарни музички нумери. Откако се развил во сатирично театарско дело, водвиљот се изведувал на париските булеварски сцени (Théâtre du Vaudeville, основан во 1791 година). Врз основа на примерот на Франција, слични сценски дела биле создавани и во други земји, особено во Англија и Америка, каде што водвиљот се здобил со изразито забавен ревиски карактер.
Познати водвилски писатели се: Жорж Фејдо (Не шетај се гола), Ежен Лабиш, па дури и Жил Верн, кој ја започнал својата книжевна кариера како театарски писател, се испробал во пишувањето на овој вид на театарски дела. Водвиљот како облик не бил напуштен ниту во 20 век, па францускиот драматург Робер Тома (Théâtre du Vaudeville, 1927–1989), познат по своите криминалистички комедии, го напишал криминалистичкот водвиљ „Неочекуваниот пријател“.
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|